Алпско скијање

Шифрин останува кралица на Сљеме

04.01.2015 18:37

Беше неприкосновена на патеката за слалом на падините на Сљеме со вкупно време од 1:56.66...

Михаела Шифрин триумфално ја  започна 2015-та година.Младата американска скијачка суверено ја доби првата годинешна трка во Светскиот куп во алпско скијање. Беше неприкосновена на патеката за слалом на падините на Сљеме со вкупно време од 1:56.66.

Австријаката Катрин Цетел е втора со  големо заостанување од 1.68 секунди, а третото време на целта имаше Норвежанката Нина Лесет со кусок од 1.79 секунди. Шифрин го одбрани приматот на „Снежна кралица“ на Загреб, по слаломската победа и во 2013-та година.

Ова беше нејзина 12-та најбрза трка во кариерата во Светскиот куп, по која со 575 бодови се проби на второто место во генерален пласман. И натаму на лидерското место е Словенката Тина Мазе со 777 бодови. Загреб и утре ќе биде во фокусот со машкиот слалом за Светскиот куп.