Сеуште се трага по црните кутии на ербасот на „Ер Азија“

05.01.2015 11:34

Спасувачките тимови во Јаванското море пронајдоа 34 тела од вкупно 162-та патници кои загинаа на кобниот лет. Само деветмина од нив се идентификувани и вратени кај семејствата...

Во помирни води продолжува пребарувањето на остатоците на ербасот на „Ер Азија“. Спасувачките тимови во Јаванското море пронајдоа 34 тела од вкупно 162-та патници кои загинаа на кобниот лет. Само деветмина од нив се идентификувани и вратени кај семејствата. Волонтери на Црвениот крст поставуваат штандови пред болниците за поддршка на ужалените.

„Не ја чувајте тагата во вас. Пуштете ја. Ќе останеме со семејстват да ги зачуваме сите убави спомени на своите сакани“, вели еден волонтер.

Во текот на денот се очекува да бидат идентификувани поголем дел од телата на патниците. Во акцијата се вклучени и девет брода од четири земји. Добрите временски услови влеваат надеж за спасувачките тимови.

„Времето е погодно. Нема облаци. Ветрот е мирен и сите придружни елементи се во наша корист“, изјави Џонсон Супраиди, координатор на воздухопловниот спасувачки тим.

Досега беа пронајдени пет парчиња од авионот. Сеуште се трага по црните кутии кои треба да ја обелоденат вистината за несреќата. Засега како причина се наведува лошото време и мразот наталожен на моторите поради студот.

 

Бојана Крстевски