Почна Рели Дакар

04.01.2015 19:58

Легендарните Марк Кома, кој беше најдобар меѓу мотоциклистите и Нани Рома неприкосновениот во конкуренција на автомобилите...

Илјадници километри расподелени во 13 етапи низ безпаќата во Аргентина,Чиле и Боливија се новиот предизвик за натпреварувачите во атрактивното,предизвикувачкото, но дефинитивно и најтешкото рели во светот Дакар 2015-та. 36-тото издание на до пред 7 години релито Парис -ДАкар кое по откажувањето во 2008-та поради безбедносни причини во Мавританија се пресели на јужноамериканскиот континент почна во Буенос Ајрес со 175 километарскиот специјал на првата етапа долга 663 километри и ќе трае до 17-ти јануари одново со цел во главниот град на Аргентина.На стартот најуспешни беа чилеанецот Касале во конкуренција на квадови,британскиот мотоциклист Сандерленд и катарецот Ал Атијах со Мини во конкуренција на автомобилите.Меѓу безмалку 400-тината натпреварувачи се и бранителите на трофеите од минатата година:

Легендарните Марк Кома, кој беше најдобар меѓу мотоциклистите и Нани Рома неприкосновениот во конкуренција на автомобилите ,чилеанецот Игнсио Касале кој победи во класата на квадови, и рускиот екипаж на Камаз предводен од Каргинов во конкуренција на камиони.Екстремниот тест на издржливост на човекот и машината во битка со природата минатата година не го заврши  белгискиот мотоциклист Ерик Паланте кој беше пронајден мртов утото по петата етапа, а низ историјата на Дакар остана забележано дека релито однело 60 жртви од кои 27 биле натпреварувачи.