Фраитаг го прелета Инбрук
Во одлична атмосвера на скокалницата во Инсбрук по првата серија со убедливи 137 метри водеше победникот на првата скокалница во Оберсдорф, Штефан Крафт...

Со скокови од 133 и пол и 132 метра ,германскиот скокач Рикард Фраитаг победи на третата скокалница во рамките на новогодишната турнеја 4 скокалници. Во одлична атмосвера на скокалницата во Инсбрук по првата серија со убедливи 137 метри водеше победникот на првата скокалница во Оберсдорф, Штефан Крафт, но скромните 127 метри во втората серија му беа доволни само за второто место на крајот, додека третото го освои јапонецот Нориаки Касаи со скокови од 128 и пол и 132 метра.Во пресрет на завршниот натпревар во Бишофсхофен во поредокот за новогодишната турнеја води Крафт со 835 поени,пред Хајбек со 812 и словенецот Превц кој по три скокалници собра 806 поени.