Шифрин е снежната кралица во Загреб
Актуелната олимписка и светска шампионка како и победничка во слалом во светскиот куп до втората сезонска и 11-тата слаломска победа во кариерата стигна по одличните две трки...

Американската тинејџерка, 19 годишната Микаела Шифрин е победничка на 5-от слалом во сезоната што се возеше на патеката Сљеме крај Загреб. Актуелната олимписка и светска шампионка како и победничка во слалом во светскиот куп до втората сезонска и 11-тата слаломска победа во кариерата стигна по одличните две трки по кои далеку зад себе ги остави главните конкурентки. 8те десетинки по првото возење не само што и беа доволни на Шифрин за втор едноподруго триумф туку на крајот со убедливи секунда и 68 стотинки го освои првото место пред австријката Катрин Цетел и третопласираната Нина Лесерт од Норвешка.
Триумфот на „снежната кралица“-како што се нарекува победничката во Загреб и го донесе второто место во поредокот во слалом сега со само 1 поен зад водечката Хансдотир која на Сљеме заврши на 4-тата позиција, додека во генералниот поредок за светскиот куп и натаму води словенката Тина Мазе сега со вкупно 777 поени по 5-тото место во Загреб,Шифрин е втора со 545, а Фенингер трета во поредокот со 487 поени. Следната трка од светскиот куп е слаломот на Сљеме во машка конкуренција закажан за во вторник.