Кошарка - НБА

10 поени на Антиќ во триумфот на Атланта

04.01.2015 20:02

Антиќ одигра солидни 22 минути и заедно со Милсап кој запиша 27 поени ја прекинаа серијата од 4 триумфи на блејзерси...

10 поени и три скока на Перо Антиќ во новата победа на Атланта ,4-та во серија за зацврстување на првото место во источната конкуренција и тоа во дуелот со вторите на западот –екипата на Портланд. Антиќ одигра солидни 22 минути  и заедно со Милсап кој запиша 27 поени ја прекинаа серијата од 4 триумфи на блејзерси.

Најдолго се играше на натпреварот во кој Чикаго дури по продолжението го победи Бостон со 109-104,најефикасни беа Л.А.Клиперси кои постигнаа 127 поени ,а примија 91 во триумфот над Филаделфија.На другите средби: Орландо – Шарлот 90-98, , Хјустон – Мајами 115-79, Минесота – Јута 89-101, Сан Антонио – Вашингтон 101-92 и Денвер – Мемфис 114-95.