Дебата за реформите во високото образование

05.01.2015 11:08

Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, Министерството за образование и наука на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата...

Денеска во Скопје дебата за предложените реформи во високото образование. Претходно, министерот за образование Абдилаќим Адеми испрати покана до Интер-универзитетската конференција, а студентските организации побараа: да се полагаат дел од испитите за трета година, без да минат државен испит.

Покрај членови на Интеруниверзитетската конференција, Министерството за образование и наука на дебатата покани и по пет професори кои во јавноста изразиле забелешки и несогласување со реформите и по петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование кои ги иницираше Владата.

Целта е да се слушнат повеќе мислења, а професорите, наведува МОН, ќе ги определи самата Интеруниверзитетска конференција.