Дали Грција ќе излезе од еврозоната?
Прашањето стана актуелно пред претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 25-ти јануари и шпекулациите од сите страни, дека доколку партијата на Ципрас победи на изборите, можно е Грција да излезе од еврозоната...

Во Грција повторно е актуелно прашањето за излегување на земјата од еврозоната, и враќањето на националната валута-драхма. Прашањето стана актуелно пред претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 25-ти јануари и шпекулациите од сите страни, дека доколку партијата на Ципрас победи на изборите, можно е Грција да излезе од еврозоната.
Самиот Ципрас нема дадено официјална изјава дека тоа ќе се случи, но според германското списание „Шпигел“ властите во Германија веќе порачаа дека евентуалното излегување на Грција од еврозоната, сега е многу поедноставно.
Според изданието, германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле се на мислење, дека во моментов еврозоната може да се среди со евентуално излегување на Грција од монетарната унија.