Јавен оглас за организациски директори во јавните здравствени установи

05.01.2015 13:16

Не станува збор за позицијата втор директор, туку за рамноправен однос со медицинскиот директор...

Две недели ќе трае јавниот оглас за организациски директори во јавните здравствени установи во земјава. Не станува збор за позицијата втор директор, туку за рамноправен однос со медицинскиот директор.

„Тој е еденаков по своите права и обврски со медицинскиот директор, тој не е подреден на него, туку двајцата соработуваат како тим и двајцата имаат еднакви права, обврски и одговорности. Затоа е потребен добар тим за да може да се гази напред со реформите, да се остваруваат проектите од кои ќе имаат интерес и корист граѓаните на Република Македонија“, изјави денеска на прес- конференција, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Ќе бидат именувани организациски директори во 30-тина здравствени установи на терцијарно ниво.