Еврото на најниско ниво во последните девет години

05.01.2015 13:37

Причина се шпекулациите дека Европската централна банка е се поблиску до програмата за голем откуп на државни обврзници, јавува агенцијата „Блумберг“...

Еврото утрово падна на најниско ниво во однос на американскиот долар во последниве 9 години. Причина се шпекулациите дека Европската централна банка е се поблиску до програмата за голем откуп на државни обврзници, јавува агенцијата „Блумберг“.

Утрово на азиските берзи еврото загуби 1,2% во однос на доларот, а според „Блумберг“, на падот на европската валута влијаела и грчката предизборна кампања.