Дебатата за високото образование, на барање на професорите, во Собранието
Сепак, од Професорскиот пленум решија да не учествуваат во расправата, бидејќи како што велат оттаму, не биле консултирани за предлог измените...

Иако првично најавено дека јавната дебата за измените во високото образование ќе се одржи во „Александар Палас“, дискусијата се префрли во Собранието. Ова и лично на професорите им го соопшти и премиерот Груевски.
Тој ги повика професорите кои се против државниот испит да се приклучат на дебатата. Сепак, од Професорскиот пленум решија да не учествуваат во расправата, бидејќи како што велат оттаму, не биле консултирани за предлог измените.
Владата ги повика и студентите на дебата за високото образование.
Никаде во понудата за форматот на јавната дебата не е ограничено нивното присуство, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, одговарајќи на тврдењата дека студентите не биле поканети.
Министерството за образование и наука завчера на дебата го покани Велимир Стојковски, претседател на Интеруниверзитетската конференција и ректор на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Стојковски поканата веднаш ја прифати и покани по пет професори кои изразија забелешки и несогласување со реформите и петмина професори кои ги поддржуваат реформите во високото образование.