Австралија: Продолжува огнената стихија, повредени околу 30 пожарникари
05.01.2015 14:27
Спасувачките екипи соопштија дека огнот може да зафати нови 13.000 хектари шума. Во погодениот реон живеат околу 40.000 луѓе...

Продолжува огнената стихија во Aвстралија. Околу 30 пожарникари се полесно повредени при обидот да го изгаснат пожарот, пред најавеното зголемување на температурата до 38 стрепени целзиусови в среда и засилување на ветровите.
Спасувачките екипи соопштија дека огнот може да зафати нови 13.000 хектари шума. Во погодениот реон живеат околу 40.000 луѓе.
Временските услови се најтешки од 1983 година кога во пожари во државите Викторија и Јужна Австралија загинаа над 70 луѓе и изгореа илијада домови.