Фудбал
Тофилоски од Кошице во Тур
05.01.2015 15:43
Трансферот го потврдува и официјалниот клупски сајт на Кошице, а Тофилоски кој ја почна кариерата во Победа и ја продолжи во Шафхаузен, треба да потпише тригодишен договор денеска.

Македонскиот фудбалски интернационалец, Дарко Тофилоски, од Словачка се сели во Франција. 28 годишниот голман и повремен репрезентативец, е пред потпис со второлигашот Тур.
Трансферот го потврдува и официјалниот клупски сајт на Кошице, а Тофилоски кој ја почна кариерата во Победа и ја продолжи во Шафхаузен, треба да потпише тригодишен договор денеска.
Францускиот второлигаш е моментно во опасната зона за испаѓање на 18-та позиција на табелата и го очекува тешка битка за опстанок во лигата.