АВИОБИЗНИС

Евтините билети направија експанзија во авиосообраќајот

05.01.2015 16:15

Годинава се очекуваат нови конекции од „Александар Велики“. Женева е сигурна дестинација, а извесен е и директен лет до Шпанија и Норвешка. Надлежните планираат скопскиот аеродром да прерасне во регионален...

Евтините авиолетови направија бум во авиосообраќајот. Со над милион патници и конекција до 27 европски метрополи Александар Велики ја заврши 2014- тата. Од јуни- на агендата пет нови дестинации. Со нискобуџетската „Виз Ер“ до егзотичната Шпанија  и богатата Норвешка, од Охрид директно до Базел - Германија“ – стимулација од државната каса за поголема фрекфенција.

„Доставија понуда за нови дестинации, како Барселона, Осло и други три дестинации во Германија, и исто така понудија директна линија од Охрид кон Базел. Со тоа ќе го зголемиме бројот на директни дестинации од Скопје кон европски центри“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Речиси 40 тина насто од патниците лани се возеле со „Виз Ер“. Фрекфенцијата најголема за Новогодишните празници, ќар и од летната сезона. Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Базел – и лани топ дестинациите за патниците од Македонија.

Скопскиот аеродром е со тенденција да прерасне во регионален, да привлече патници и од соседните земји. Од Скопје се лета кон 27 метрополи, на мапата ќе се најде и Женева.

„Воглавно сме концентрирани во Централна Европа што е резултат на интересот на самите компании и патници и на интересот на бизнис заедницата. Ги имаме поврзано сите главни градови во Европа“, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Аеродормот е првата и последна слика на секој што доаѓа или заминува од државата. Некогаш рак- рана, сега атрактивен за авиобизнис, привлечен за патници. Со инвестицијата на ТАВ и државните субвенции македонските авиопристаништа со врвни стандарди - налик на оние во европските метрополи .

„Се сеќавам на времето кога аеродромот личеше на вистинска голгота- изгубени багажи, чекање и контроли пред царинската и пасошката контрола. Меѓутоа сега, скопскиот аеродром слободно може да се каже дека е светски аеродром, како за опслужување на патниците, така и за опслужување на авионите“, вели Кирил Каевски, пилот во пензија.

Безбедно и сигурно се одвива авиосообраќајот над македонското небо. Од зголемен број на прелети се офајди државанат каса по отворање на Косовскиот  воздушен простор мината година.

Сузана Фиданска-Стоевска