ФЗОМ со поголем буџет од лани, утврдени квоти за општите хирурзи
Со поголемата каса се утврдени и квоти за општите хирурзи за најчестите операции- на слепо црево, кила и жолчка. Секој хирург просечно годишно ќе треба да направи по 70 вакви интервенции...

Годинава Фондот за здравство планира да потроши речиси една ипол милијарда денари повеќе од лани. Зголемувањето го диктираат крупните зафати во Јавните здравствени установи, клиниките и болниците.
Со поголемата каса се утврдени и квоти за општите хирурзи за најчестите операции- на слепо црево, кила и жолчка. Секој хирург просечно годишно ќе треба да направи по 70 вакви интервенции.
„Целта на овој проект е да се подигне задоволството на нашите осигуреници и истите да бидат згрижени за стандардни рутински интервенции во своите најблиски болници а не да бидат непотребно препраќани во скопје со тоа изложувајќи ги на повисоки трошоци“, изјави Маја Парнарџиева Змејкова, директор на ФЗОМ.
Според анализите, овој проект ќе биде предизвик за хирурзите во болниците во Битола, Штип, Кавадарци, Охрид и Гостивар. Во дел од нив бројот на овие рутински интервенции ќе треба да се зголеми за 25 проценти.
Лани за пофалба биле хирурзите во Кочани, Струмица и Струга. Според фондот, имале 71 интервенција, што е над просекот.
Андријана Атанасовска