Премиерот Груевски на Божиќна литургија во Тетово

07.01.2015 16:12

Во очи на христовото раѓање тетовци со своите обичаи го одбележаа Бадник. Традиционално во рамки на семејството се славеше со посна трпеза и леб со паричка...

Христос се роди, навистина се роди. Овој поздрав утрово се слушна и меѓу верниците во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово.

Овде се одржа света божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско – гостиварски г. Јосиф.

На литургијата присуствуваше и премиерот Груевски. Посака повеќе хармонија меѓу луѓето и повеќе работни места.

„Христос се роди, навистина се роди- нека е за многу години, нека денешниот празник ни донесе многу здравје многу успеси, повеќе работни места во државата, поголема благосостојба и меѓусебно разбирање“, изјави премиерот Никола Груевски.

Во очи на христовото раѓање тетовци со своите обичаи го одбележаа Бадник. Традиционално во рамки на семејството се славеше со посна трпеза и леб со паричка.

Вечерта пак по населбите се палеше бадникарскиот оган. Во Тетово е традиција младите да се маскираат и да пеат бадникарски песни.

 

Зоран Јовановски