Детски насмевки и радост за Божик
Божик е најрадосен кога има детски насмевки. Така беше денеска во Прилеп и Велес. Детската радост скапоцена. Измамува ветувања да ја има 365 дена...
Детската радост и насмевката се бесценети. Кога се предизвикуваат и даруваат секојдневно, особнено на најрадосниот празник – христовото раѓање - Божик, вели прилепчанката Горица Милошевска која со години згрижува деца без родители.
„Toa e преголемо задоволство. Тие пружаат многу љубов. Со една мала насмевка и едно гушкање, децата се задоволни. Мислам дека за нас е доволно како сатисфакција за да им пружиме и ние љубов“, вели Горица Милошеска.
Детски насмевки и заедничкото дружење денеска на Божик во Прилеп споделуваа 400 деца од Македонија – без родители, на загинатите бранители, од сите верски заедници.
„Многу деца се тука од различни градови. Мислам дека е супер, сите сме собрани на едно место.“
„Целта на овој Божикен ручек е едно небо за сите деца“, вели Александра Северкоска Стојаноска од Детската амбасада за сите деца во светот.
„Задоволство е да се биде со децата за да го споделиме овој ручек на најголемиот христијански празник – Божик“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
И во Велес беше радосно и со подароци за децата заболени од церебрална парализа. Со завет за подобро утре.
„Велес е град кој треба да има добар Дневен центар и да има сервиси за поддршка на лицата со попречености“, вели Далиборка Златева од Друштвото на родители на деца заболени од церебрална парализа.
„Бог милостивиот, човекољубивиот ги отвора вратите, портите на царството небесно“, изјави владиката Агатангел.
Велес е првата општина со Акционен план за вклопување на децата во општественото живеење.
„Така и во иднината ќе биде, се со единствена цел да помогнеме на оној начин на кој можеме. Овој ден е посебен ден за сите нас“, изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Божик е христовото раѓање. Божик е дарот за најмладите.
Елизабета Митреска
