Обид за подигање на дел од опашката на авионот на „Ер Азија“ од морското дно
08.01.2015 11:26
Се очекува да бидат откриени и „црните кутии“ на леталото...

Нуркачи на Индонезиската морнарица почнаа со операција за подигање од морското дно на дел од опашката на авионот на „Ер Азија“, што се сруши во Јаванското море на 28-ми декември.
Се очекува да бидат откриени и „црните кутии“ на леталото. Спасувачките екипи треба да врзат со јажиња делови од трупот на авионот.
Претходно, нуркачите извадија од опашката на авионот шишиња со вода и маски за кислород, но се уште не можат да откријат каде се наоѓаат црните кутии.
