Денешната престрелка во Париз не се поврзува со нападот на „Шарли Ебдо“

08.01.2015 12:59

Премиерот на Франција, Мануел Валс потврди дека лицата кои го извршија нападот во Шарли Ебдо биле следени од плицијата, но според него не постојат „ризици нула“. По денешниот кризен состанок во Елисејската палата, Валс ја поздрави мобилизацијата на французите...

Тешко повредена, полицајката во утринската престрелка во Париз подлегна на повредите. Извршителот на нападот е во бегство, додека, едно лице е уапсено. Засега не се поврзува овај напад со вчерашниот терористички напад врз неделникот „Шарли Ебдо“.

Полицијата и понатаму интензивно трага по напаѓачите, кои се идентификувани. Станува збор за браќата Шериф и Саид Куачи. Тие се на возраст од  32 и 34 години и Шериф веќе бил осудуван за здружување со цел да подготвува терористички акт во 2008 година и се подготвувал да замине за Ирак. Додека, 18 годишното лице Хамид Мурад за кое постои сомневање дека е нивни соучесник самиот и се предаде на полицијата во Шарлевил-Мезие.

Премиерот на Франција, Мануел Валс потврди дека лицата кои го извршија нападот во Шарли Ебдо биле следени од плицијата, но според него не постојат „ризици нула“. По денешниот кризен состанок во Елисејската палата, Валс ја поздрави мобилизацијата на французите, кои вчера вечер спонтано се собраа на повеќе плоштади во скори сите француски градови за да им оддадат почит на загинатите и да ја изразат нивната солидарност.

Ние ја разгледавме ситуација со шефот на државата и спроведените мерки за да бидат уапсени лицата кои го направија вчерашниот акт. Притоа ја разгледавме и безбедносната ситуација, како и манифестиациите кои се предвидени за израз на националното единство. Манифестации на кој се израува нашата волја да се бориме за нашата слобода, нашата демократијата и нашата трпеливост.“

Солидарноста и сочуствотот доаѓаат од сите страни на светот. Француските политичарите повикуваат на единство и солидарност, политичките разлики според нив треба дас е искористат за се дебатира за иназошање на ефикасни средства да му се зададе удар на тероризмот. Потрвда на тоа е деншната средба на Франсоа Оланд и Никола Саркози во Елисејската плата.

Поранешниот француски претседател и лидер на опзиицјата по срдбата нагласи:

„Стопроцентна безбедност не постои, но сигурно можеме да работиме на подобрување на нашите мерки, ова не во дух на конфронтации меѓу мнозинството и опозицијата и левицата и десницата, туку во споделена грижа за заштита на французите“, рече Никола Саркози.

Денес е ден на национална жалост во Франција. Исто како и вчера вечер, така и денес во скоро сите поголеми градови се предвидени собири во знак на протест со стило во раката и со една иста порака „Je suis Charlie Hebdo“ - „Јас сум Шарли Ебдо“.

 

Тони Гламчевски