Медиумите од целиот свет најостро го осудија нападот врз „Шарли Ебдо“

08.01.2015 13:07

Со слични наслови излегоа и весниците во Шпанија, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија. Солидарни се и новинарите од африканските печатени медиуми...

Весници од целиот свет реагираа по нападот на седиштето на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“. Италијанските дневни весници „Ла Република“, „Ла Стампа“ и „Кориере дела сера“ најостро го осудија нападот врз француските колеги.

Со слични наслови излегоа и весниците во Шпанија, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија. Солидарни се и новинарите од африканските печатени медиуми.

„Нападот на францускиот неделник е напад  против слободата на изразување и  европските вредности,на што мора да реагираме“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи,  Паоло Џентилиони.

Солидарност со жртвите на масакрот во Франција изразија и стотици луѓе на „Унион“ скверот во Њујорк. Држејќи фотографии со насловната на сатиричниот неделник, протестантите извикуваа „И јас сум Шарли“.