Двајцата осомничени за нападот на „Шарли ебдо“ забележани во севернa Франција
08.01.2015 13:42
Браќата Саид Куаши (34) и Шериф Куаши (32) се наоѓале во сив автомобил „Рено Клио“ и биле тешко вооружени...

Двајцата осомничени за извршување на крвавиот напад врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ денеска изутринава биле забележани во северниот дел на Франција, соопштиле извори блиски до истрагата.
Браќата Саид Куаши (34) и Шериф Куаши (32) се наоѓале во сив автомобил „Рено Клио“ и биле тешко вооружени.
Сопственикот на бензиска станица во близина на градот Вилер-Котре „ги препознал двајцата мажи, осомничени како извршители на нападот против списанието“. Тие биле маскирани и носеле автомати „калашников“ и фрлачи на гранати, изјавиле изворите.
