Знамиња на половина копје: Официјален Брисел со жестока осуда за нападот на „Шарли Ебдо“

08.01.2015 14:56

Знамињата во европските институции се на половина копје. Итни состаноци на челниците во Брисел. За 19 – ти јануари е закажана седница на Комисијата. Главна тема- борбата против тероризмот...

Официјален Брисел со жестока осуда за терористичкиот напад врз новинарите на парискиот „Шарли Ебдо“, и сочувство до семејствата на загинатите.

„Длабоко сум шокиран од овој брутален и нехуман напад кој ги погоди канцелариите на Шарли Ебдо. Ова е неподнослив акт на варварство кој влијае на сите нас. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Јас лично и во име на Европската комисија, изразувам најголема солидарност со Франција“, е наведено во соопштението на претсдеателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Денешната редовна прес конференција започна со едно минутен молк за почит кон починатите.

„Ја користам оваа прилика да изразам благодарност до сите, како и до политичарите кои истакнаа дека слободата на изразување и печатот не е нешто за што може да се преговара. Тоа право ќе биде брането тука во Брисел и во главните градови“, рече Том Вајнгертер, председател на Интернационалната асоцијација на новинари.

Европската Комисија истакна дека досега се одржани повеке состаноци и во моментов се превземаат сите мерки на политичко ниво.

„Вчера вечер, високиот преставник и подпретседател на Европската комисија, Могерини, најави дека темата за тероризам ќе ја стави на агендата Советот за надворешни работи закажан за на 19 јануари. Последните информации од Летонското претседателство се дека борбата против тероризмот во сите негови форми ќе биде на агендата на следниот министерски Совет за внатрешни работи, на 28-ми јануари, додека, Парламентот планира да организира дебата на оваа тема следниот понеделник, на која ќе присуствуваат и преставници од Комисијата“, изјави Наташа Бертауд, портарол на председателот на ЕК.

„Овој ужасниот чин е напад врз нашите вредности, слободата на изразувањето и слободата на печатот, против толеранцијата и меѓусебното почитување“, изјави претседателот на Еврпскиот парламент, Мартин Шулц, кој парламентарната седница исто така ја започна со едноминутен молк.

„Европската унија е рамо до рамо со Франција по овој крволочен чин. Тоа е брутален напад врз нашите основни вредности, слободата на изразување која е столб на нашата демократија“, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Денеска во Брисел пред сите европиски институции знамињата се спуштени на половина копје. На Плас Луксембург кој се наога пред европскиот парламент поголема група на грагани  се придружија на движенњето од голем број светски метрополи ,протестирајки во знак на револт против глобалниот тероризам.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ