Франција им оддаде почит на жртвите во нападот на „Шарли Ебдо“
Се предаде едниот од тројцата напаѓачи врз францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“ кои вчера убија 12- мина во Париз. Другите двајца, браќата Куачи се забележани во североисточниот дел на метролота и таму се одвива акција на француските елитни полициски сили. Но, имаше и ново пукање и жртва...

Тешко повредената полицајка во утринската престрелка во Париз подлегна на повредите. Извршителот на нападот е во бегство и истрагата ја водат антитерористичките сили. Засега овај акт не се поврзува со вчерашниот терористички напад врз неделникот Шарли Хебдо.
Елитните единици на жандармеријата ГИГН и на полицијата РАИД се позиционирани во Виле-Котере на северо истокот од Париз, каде се локализирани браќата Шериф и Саид Куачи, кои се бараат како напаѓачи во весникот. Франциските раководители се мобилизирани.
„Ние ја разгледавме безбедносната ситуација, како и манифестиациите кои се предвидени за израз на националното единство. Манифестации со кои се изразува нашата волја да се бориме за нашата слобода, нашата демократија и нашата трпеливост“, изјави претседателот на Франција, Франсоа Оланд.
Иако властите повикуваат на трпеливост во „Вилфранш сур Сон“ имаше експлозија во сендивачара до близината на една џамија.
„Не е исклучена ниту една хипотеза во моментов, сите писти се испитуваат“, изјави Грегуар Дулан, Јавен обвинител.
По денешната средба на Франсоа Оланд и Никола Саркози во Елисејската плата, pоранешниот француски претседател и лидер на опзиицјата нагласи:
„Стопроцентна безбедност не постои, но сигурно можеме да работиме на подобрување на нашите безбедносни мерки“, изјави Саркози.
Исто како и вчера вечер, така и денес во скоро сите поголеми градови се предвидени собири во знак на протест со со стило во раката и со една иста порака- Јас сум Шарли Ебдо!
Тони Гламчевски
