Напад на „Шарли Ебдо“: Терористите опколени од полицијата, во заложништво држат едно лице

09.01.2015 12:56

Потрагата по двајцата браќа, осомничени за масакрот во редакцијата на магазинот „Шарли Ебдо“, е фокусирана во област во североисточниот дел на Париз, каде што држат заложници во бизнис објект, близу аеродромот „Шарл де Гол“...

Импресионирачки тешко вооружени специјални полициски сили, поддржани со неколку хеликоптери се наоѓаат на лице место, држејќи ги под опсада терористите кои се сокрија во една мала печатница, каде држат како заложеник едно лице.

Печатницата се наоѓа во индустриската зона на Дамартан ен Гуел и нема индивидулани куќи. Дамартан ен Гуел градче која се наоѓа на 40-тин километри северо-источно од Париз.

„Во моментов е во тек акција во Дамартан ан Гуел во која се мобилизарни сите служби кои се пристуни во зоната. Реакциијата на безбедносните сили беше брза, бидејќи се наоѓаа недалку од местото на инцидентот“, изјави Бернар Казенев, министер за внатрешни работи на Франција.

Министерот за внатрешни работи Казенев соопшти исто така дека истрагата за убиството на полицајката во Монтруж напредува брзо.

Полицијата интервенирала во 4 часот изутринава во Грињи и уапсените се две лица од семејството за главнообвинетиот во престрелката во која беше убиена невооружена општинска полицајка, која интервенирала при сообраќајна несреќа.

При претресот на нивниот дом, полицијата пронашла елементи кои потврдуваат дека нивната писта води кон осомничениот, кој се уште е во бегство. Се работи за пропаганда со исламистички карактер. Двете уапсени лица се родителите на осомничениот.

Францускиот премиер Мануел Валс пред префектите на полицијата изјави:

„Ние сме во војна против тероризмот. Ние не сме во војна против една религија, против една цивилизација“, изјави премиерот Валс на состанокот со префектите во министерството за внатрешни работи.

Во таа прилика францускиот премиер изјави дека е потребно да се преземат нови мерки за да се одговори на терористичката закана по атентатот врз Шарли Ебдо.

Францускиот претседател предмалку од Елисејскта палата пешки замина во Министерството за внатрешни работи, каде се одржува кризниот состанок на префектите од сите департмани и региони на Франција, барајќи да се осигура наслението и да се избегнат наддавањата и недостојните карикатури, и да се направи се за да граѓаните можат да бидат заедно во Републиката.

Кај французите не се чувствува паника, напротив тие изјавуваат дека се чувствуваат посигурни поради видлиовото присуството на француските полициски сили.

 

Тони Гламчевски