МИ-5: Повратници од Сирискиот фронт планираат големи напади на Западот
09.01.2015 13:06
Официјален Лондон веќе нареди засилување на граничните процедури на пристаништата и железничките станици...

Шефовите на држави и влади ќе се соберат на итен вонреден состанок во Париз посветен на борбата против тероризмот.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја најави средбата, додавајќи „Теророт удри по Европа и за жал ова не е прв пат“.
Во меѓувреме, британската разузнавачка служба МИ-5 предупредува дека повратници од Сирискиот фронт планираат големи напади на Западот.
Официјален Лондон веќе нареди засилување на граничните процедури на пристаништата и железничките станици.
И Шпанија соопшти дека ќе ги засили мерките за заштита на важните објекти.
