Со дијалог да се решаваат состојбите во образованието

13.01.2015 16:54

Претставниците на граѓанската иницијатива повикаа на единство во академската заедница, упатија апел до Професорскиот пленум да седнат на заедничка маса и да дебатираат, но од професорскиот пленум ја одбија поканата...

Не преку бојкот, не на улица и со протест, не со поделби, туку преку дијалог да се решаваат состојбите во образованието. Ова е ставот на професорите што дадоа подршка за реформите. На средбата, го информирале претседателот Иванов за своите активности, но и ги претставиле аргументите зошто државниот испит е механизам кој треба да се воведе.

Претставниците на граѓанската иницијатива повикаа на единство во академската заедница, упатија апел до Професорскиот пленум да седнат на заедничка маса и да дебатираат, но од професорскиот пленум ја одбија поканата.

„Испуштена е историска шанса да се разговара за квалитетот на високото образование уште на депатата во Собранието, меѓутоа и понатаму сме отворени за тој дијалог и таков контруктивен пристап, доколку сето тоа оди во прилог на подобрување на квалитетот на високото образование“, вели професорката Тања Кракамишева Јовановска.

На Медицинскиот факултет веќе 60-ина години се спроведува државниот испит. Според Виктор Камиловски ова е добат модел за сите универзитети низ земјава. 

„Не само што е неопходен државниот испит, туку ќе се унифицира знаењето на сите универзитети во Република Македонија. Одреден квантум на знаење ќе има и тој што студира во Штип, и тој што студира во Тетово“, смета професорот Камиловски.

И студентите кои беа на средбата со Иванов со став дека државниот испит треба да се спроведе.

„Мислам дека треба се потребни промени, а какви- за тоа сме отворени и ќе разговараме“, вели Трајче Митрев, студент.

Во соопштението од Кабинетот на претстедателот соопштија дека Иванов изразил жалење што Професорскиот пелнум одбил да се сретне со претставниците од  Граѓанската иницијатива. Дијалогот, размената на идеи и иницијативи е единствениот начин што може да доведе до успешна трансформација на високото образование, стои во дописот.

 

Викторија Тодоровска