Се загрева атмосферата за ракометниот мундијал во Катар
Угостителите се надеваат на поголем профит...

Голем интерес за ракометниот мундијал во Катар. Од 1.300 евра па нагоре се движат аранжманите за сместување, превоз и билети за натпреварите.
Најголемиот дел од навивачите кои сакаат автентична атмосфера во Доха, патувањето го организираат во сопствена режија.
„Има многу солидни хотели од три ѕвезди. Цената почнува од 57 до 69 евра па нагоре на ден по особа“, вели Дејан Вељанов, менаџер на туристичка агенција.
Угостителите се надеваат на поголем профит.
„Имаме промотивни пакети на пијалоци за оние кои ќе следат натпревари“, вели угостителот Игор Јанакиев.
„Вршиме пренос на шест до седум телевизори и два видео бима, имаме истакнато и знамиња за да се подигне атмосферата“, додава угостителот Дарко Гинов.
Натпреварите ќе се емитуваат на фрекфенцијата на јавниот сервис.
„Подготвуваме сеопфатна програма за мудијалот од Катар, ќе ги следиме во живо сите настапи на нашата репрезентација од групната фаза, па од нокаут фазата, да даде господ да стигнеме што подалеку, да се оставарат најголемите амбиции, речиси секојдневни преноси на натпреварите, не само на нашиот тим, туку и на оние кои ги сметаме за најинтересни и најпривлечни“, вели новинарот од спортската редакција на МРТ, Драган Николовски.
Покрај бројните спортски анализи првенството за време на преносите ќе го коментираат и познати стручњаци од домашната ракометна сцена.
Анита Димитријевска
