Премиерот Груевски на средби со индиски бизнисмени во Калкута
Премиерот Груевски и владината делегација го посетија и меморијалниот центар „Мајка Тереза“ посветен на големата хуманистка и нобеловка, родена во Скопје...

Продолжува економската дипломатија на владиниот економски тим во Индија. По Ченаи и Џајпур, инвестициските можности на Македонија се претставени и во Калкута. Беа остварени и повеќе директни средби со одделни индиски компании заинтересирани да инвестираат во земјава, претежно во енергетскиот сектор и во металната индустрија.
Премиерот Груевски и владината делегација го посетија и меморијалниот центар „Мајка Тереза“ посветен на големата хуманистка и нобеловка, родена во Скопје.
Вчера на поединечни средби со големи бизнис компании во ченаи беше претставена инвестициската лична карта на Македонија пред повеќе моќни индиски компании.
Дел од нив од областа на земјоделството и здравството изразија интерес за инвестирање во земјава и веќе ги анализираат можностите за правење бизнис. Оценија дека Македонија нуди поволни услови за инвестирање, добра инфраструктура, економски зони, добра даночна политика и дека стратегиски е добро лоцирана во регионот.
