Грција предупредена од можни терористички напади

14.01.2015 12:22

Државната новинска агенција АНА-МПА информира дека предупредувањето било издадено во саботата и е во сила до 17 јануари...

Грција е меѓу земјите на ЕУ кои Европол ги стави во состојба на готовност поради можни терористички напади од страна на џихадистите.

Државната новинска агенција АНА-МПА информира дека предупредувањето било издадено во саботата и е во сила до 17 јануари.

Европол објавил повеќе од седуммина слики и имиња на џихадисти кои се закана за Европа.

Европската полициска агенција побарала од сите членки на ЕУ да ја известат ако кој било од нив помине низ граничните контроли.

Според информациите, џихадистите биле обучени во Јемен и имаат врски во Либан, Саудиска Арабија и Русија.