Верниците од Тетово и Гостивар прославија Водици

19.01.2015 16:00

По посетата на Тетово, Иванов беше и на литургијата во Гостивар во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица, каде исто така чаноначалствуваше митрополитот г. Јосиф...

Се осветија водите и во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово. Спуштениот крст го најде 28 годишниот Даниел Милошевски. Тој беше најсреќниот од тројцата кои денеска скокнаа во студените води. Среќа, здравје и многу успеси посака за себе, но и за своите сограѓани.

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско – гостиварски господин Јосиф. Порача дека просперитетот во земајава и семејството е можен само со мир и спокој меѓу луѓето.

На лирургијата присуствуваше и претседателот Ѓорге Иванов. По посетата на Тетово, Иванов беше и на литургијата во Гостивар во соборниот храм Успение на Пресвета Богородица, каде исто така чаноначалствуваше митрополитот г. Јосиф. Таму после седум децении се возобнови традицијата на спуштање на светиот крст во водите на Вардар.

Меѓу дваесетмината момчиња, најсреќен да го фати крстот беше Дарко Лавдинов. Тој рече дека најголема желба му била да го фати крстот и посака традицијата никогаш повеќе да не се прекинува.

Зоран Јованоски