Светската политичка и бизнис елита пристигнува во Давос
20.01.2015 16:13
Иако немаше директни закани, стравуваат од терористички напад после тој во „Шарли Ебдо“...

Светската политичка и бизнис елита пристигнува во Давос за Светскиот економски форум. Швајцарските власти, освен неколку илјади полицајци, распоредија и 4 илјади војници. Иако немаше директни закани, стравуваат од терористички напад после тој во „Шарли Ебдо“.
„Опасноста од терористички напади е повисока од минатата година, но немаме конкретни индикации за можен напад или подготовка на терористички акции“, изјави Валтер Шлегел, директор за безбедност на Светскиот економски форум.
Безбедносните сили дејствуваат превентивно и за евентуални мали напади чијашто цел можат да бидат токму тие.
