Белгија ги засилува мерките против терористичките групи

21.01.2015 15:44

Досега во Белгија уапсени се 13 лица, од кои петмина се обвинети за учество во терористичка група...

Белгија продолжува со антитерористичките мерки. 21- годишниот Абделмунаим Хадад, мажот по кој трагаше шпанската полиција поврзан со антитерористичката операција во белгискиот град Вервие, сам се предаде на белгиската полиција.

Второ осомничениот, 18 годишен холанѓанец Заид Кулис се уште е недостапен за полицијата.

Досега во Белгија уапсени се 13 лица, од кои петмина се обвинети за учество во терористичка група.

Двајца бегалци беа уапсени во Франција и во Белгија и побараа да бидат екстрадирани. Друг осомничен беше уапсен во Атина и се согласи да биде екстрадиран во Белгија.