Јеменска Ал Каеда повика на напади врз САД и Европа

21.01.2015 15:49

Лидерот на групата повика на индивидуален џихад...

Огранокот на јеменската Ал Каеда во видео порака поставена на интернет повика на напади врз САД и Европа.

Снимката е поставена неколку дена откако групата презема одговорност за нападите врз редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз. Лидерот на групата повика на индивидуален џихад.

„Подготвени сме и ги набљудуваме непријателите на Алах. И ги повикуваме верниците да го сторат истото“, изјави Насер Бин Али Ал-Анси, лидер на огранокот на јеменската Ал Каеда.