Бела вода во Малешевијата- примамлив зимски туристички центар

21.01.2015 16:19

Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Македонија изобилува со понуда за туристите во сите сезони. Освен етаблираните зимски центри, почнуваат да се откриваат и досега недопреди предели и алтернативни дестинации кои привлекуваат гости од земјава и странство. Еден од нив е Бела вода во Малешевијата...

Скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, покриен со снег и богата со реки и чист воздух се крие месноста Бела Вода. Испраќајќи ја популарната викенд населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово се открива овој центар кој е уште една во многуте македонски зимски дестинации. Гостите велат дека државата има богата туристичка понуда, потребна е поголема промоција и инвестиции.

Македонија секако има потенцијал за зимски туризам, особено тука во Малешевијата. Според мене треба повеќе да се инвестира во угосителството и изградба на ски жичари и лифтови, вели еден посетител.

Викенд куќите, апартманите на Бела Вода во најголем дел ги изнајмуваат домашни, но во последно време и гости од странство. Тука, пред се, туристите од земјите на Европската унија и соседството, кои според менаџерите, не уживаат само во природните убавини, туку и во вкусната македоснка традиционална трпеза.

Македонија има голем потенцијал за развој на зимскиот туризам. Имаме што да им понудиме на гостите. Ние сме гостопримлив народ, а имаме и одлична кујна, вели Кирил Тимов, менаџер на угостителски објект.

Оттука истакнуваат дека Македонија има многу алтернативни дестинации во кои домашните, но и странските инвесститори може да инвестираат за развој на планинскиот и рурален туризам. Освен богатата природа, и ниските цени со квалитетна услуга се предност која може да го направи овој бизнис профитабилен.

 

Катерина Давчева