Лидерот на ДУИ со лесни телесни повреди од сообраќајката
Лидерот на ДУИ заврши в болница откако автомобилот со кој се превезуваше заврши во бетонскиот дел на патарина пред тетово. Повреден е и возачот. Според првичните информации, аудито во обид да избегне судар со друг автомобил поради слабата видливост изгубило контрола и завршило во ограда. Ахмети патувал кон скопје на средба со претседателот на албанското собрание...

Стравична глетка одава автомобилот но за среќа возачот и лидерот на дуи али ахмети минале само со полесни повреди по судирот во бетонскиот дел од патарината пред Тетово. Несреќата се случила нешто после 9 часот.
Првичните информации говорат дека возачот на аудито во кое се возел Ахмети во обид пред патарината да избегнат судир со друго автомобил поради слабата видливост, изгубил контрола и се забил во бетонската ограда. Минале со лесни повреди кои се санирани.
„Здравствената состојба е стабилна без ризик по животот и здравјето, со лесни телесни повреди“, потврди Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Ахмети патувал кон Скопје на средба со претседателот на албанското собрание Илир Мета.
Веднаш по судирот, возилото „Ауди А8“ се запалило. Први на помош притрчале вработените од патарината, кои дале прва помош на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на неговиот возач, по што двајцата биле префрлени во тетовската болница.
На терен веднаш излегоа јавен обвинител и екипи на крим техника.
Неколку часа траеше увидот, но сообраќајот се одвиваше без проблеми. Пред неколку дена на истата патарина се случила идентична сообраќајна незгода, која исто така минала без жртви.
Миле А. Ристески
