МВР воведе систем за микроучење

21.01.2015 15:58

МВР планира наскоро на системот да се постави над 1.300 наслови и низа курсеви, по што би влегле во фаза за задолжително лично самотестирање на вработените. ОБСЕ ќе го поддржи функционирањето и одржувањето на овој систем и наредните 12 месеци, а потоа ќе го отстапи на МВР...

Подобро едуцирани полициски службеници, поефикасна полиција, и попрофесионален сервис за граѓаните- децидна министерката Јанкулоска. Најголемата инвестиција е, вели, вложувањето во човечкиот капацитет.

Воведен е системот за микроучење преку кој се организираат обуки за одредени теми. Преку него, можност за прегледување книги, симнување датотеки поврзани со предметот како предавања, вежби или презентации, комуницирање со професори.

„Се надеваме дека со примена на е-учењето ќе се направи исчекор во полициското образование, но и професионално надградување на сите вработени во тренд со најновите методи за учење“, изјави Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи.

МВР планира наскоро на системот да се постави над 1.300 наслови и низа курсеви, по што би влегле во фаза за задолжително лично самотестирање на вработените. ОБСЕ ќе го поддржи функционирањето и одржувањето  на овој систем и наредните 12 месеци, а потоа ќе го отстапи на МВР.  

„Наша заедничка цел со МВР е овој систем за електронско учење да даде можност сите што че го користат да ги подобрат обуките и да ги унапредат своите вештини и знаења“, нагласи Ралф Бред – ОБСЕ.

Систем за раководење со учењето познат по е-учење е напредна алатка за вработените за зголемување на знаењата за познавање на прописите. Најактивни институции кои го користат системот за микроучење се МВР, Министерството за одбрана, Генералниот секретаријат на владата, општина Охрид и Центарот за управување со кризи.

„Располагаме со 24 курсеви за кои информацијата е достапна на веб страната на нашето министерството и сите институции кои се заинтересирани, можеме со заеднички сили да ги надградиме овие курсеви според потребите на институциите“, изјави Иво Ивановски – министер за информатичко општество и администрација.

Во системот за е-учење освен материјалите поврзани со предметите кои ги изучуваат, заинтересираните можат да ги најдат и книгите за соодветните предмети, а тие се поставени во електронски формат и се бесплатни за сите корисници.

 

Наташа Гркова-Петрушевска