Како швајцарците го преживуваат силниот франк?!

21.01.2015 18:25

По веста за подивениот франк, швајцарците масовно заминуваат на шопинг во пограничниот германски град Констанз за да се снабдат со прехрамбени производи за поевтини цени, дури за 25 насто...

Отсекогаш Давос ги привлекува најбогатите гости. Но, по ударот на франкот за време на скијачката сезона, хотелиерите и туристичките работници и во останатите центри во Швајцарија,  се во паника затоа што веќе странските гости масовно ги откажуваат  сместувањата.

Оваа зима и руските богаташи не дојдоа поради потонувањето на руската рубља во однос на сегашниот курс на франкот.

„Туризмот ќе претрпе сериозни последици во однос на валутната пормена. Свесни сме за новонастаната состојба“, вели Дагдар Шмит, директор на Аенцијата за туризам.

По веста за подивениот франк, швајцарците масовно заминуваат на шопинг во пограничниот германски град Констанз за да се снабдат со прехрамбени производи за поевтини цени, дури за 25 насто.

„Ако на купената стока се одбијат 19 натсо од ДДВ, швајцарските граѓанани во германските продавници плаќаат двојно помалку отколку кај нас“, изјави Фридрих Шулц, Агенција на потрошувачи. 

Во првиот шок по падот за 14 насто на швајцарскиот  франк турбуленции се случија и  во менувачниците во цела Европа. „Волтстрит журнал“ изветси дека американската банковна и финасиска коорпорација „Сити Груп“ и „Дојче Банк“ во првиот налет изгубиле по 150 милиони долари. Слична судбина доживеа и британската брокерска фирма „Алпари“.

Добрите познавачи на банкарските превирања оценија дека швајцарското извозно стопанство со новонастата сотојба ќе доживее вистинско цунами. Дури 55 насто на извозот се одвива во земјите на Унијата и затоа  најмногу стравуваат од евтина конкуренција.

Но, финасиксиот  земјотрес не ги вознемири само трговците со валути политичките елити, стопанственици, синдикатите, медиумите, туку оваа состојба најави почеток на    редифинирање  на односот меѓу франкот, еврото и доларот. 

Бонитетната агенција „Стандард и Пурс“ прогнозира дека швајрцарците ќе претрпат   две до три години послаб извоз и побавен економски раст.

 

Мирјана Василева