Доњецк: 13 лица загинаа во напад на трамвајска станица
22.01.2015 10:46
Според првичните информации, гранатата била истрелана околу девет часот по локално време од минибус...

Најмалку 13 лица загинаа, а десетици се повредени рано утрово, кога граната погоди трамвајска станица во населбата Ленински, во Доњецк, на истокот на Украина, соопштија преставници на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Според првичните информации, гранатата била истрелана околу девет часот по локално време од минибус.
До гранатирањето дојде откако Русија и Украина синоќа постигнаа договор за процедурата за повлекување на тешкото вооружување на истокот на Украина.
