Се санираат штетите од поплавите во штипско

24.01.2015 17:22

Поројните дождови и топењето на снегот ги подивеа реките во штипско. Отсечени села, прекин на електричната енергија и забранета вода за пиење. Ден по изобилните врнежи состојбата се нормализира. Премиерот Груевски и министерот за транспорт и врски, Јанакиески излегоа на терен...

Питомите реки во штипско вчера подивеа. Лакавичка одвај ја има денеска, а Карбинска однесе дел од патот и повторно секна. Страшното невреме и поројните дождови ги оставија жителите во штипсакиот регион без сон, во обид да ги спасат своите домови, ниви и стока.

Се излеа езерото Мантово, а од Плачковичките реки надојде вода кои го поплавија регионот.

Премиерот Груевски во посета на најпогодените во штипско. Се информираше од прва рака од граѓаните каква е состојбата.

Неколку села се отсечени поради надојдените води, немаат струја, но и вода за пиење.  Во Штип водата од водоводот се користи само како техничка.

Министерот за транспорт и врски Јанакиески апелира до локалните власти на будност за навремено да реагираат, или ако не се во можност веднаш да ја алармираат Дирекцијата за спасување.

Жителите на штипскиот регион денеска беа повторно на критичните места.

Состојбите будно се следат. Во делот на штипско водостојот на реките полека се нормализира.

 

Миле А. Ристески