Поплави: Состојбата се нормализира, реките се повлекуваат
Големите акумулации се полни само со 30 проценти што е добар показател дека нема опасност од поплави во наредниот период , потврдија од Координативното тело...

Се стабилизираат состојбите со надојдените води речиси во целата земја, информираа од Координатувното тело. Критичниот бран на реката Вардар ја поминал Демир Капија, а во Гевгелија локалните власти се подготвени за интервенирање од евентуални поплави. Под контрола е и состојбата во Велес.
Големите акумулации се полни само со 30 проценти што е добар показател дека нема опасност од поплави во наредниот период , потврдија од Координативното тело.
Времето ќе биде стабилно без обилни врнежи до вторник кога се очекува нов бран на поројни дождови. Затоа координативното тело на посебна седница ќе одлучува што ќе се преземе за малите акумулации, кои речиси се полни. А Скопје и околината не се во опасност.
Специјалните единици на МВР, вчера во кумановско евакуирале цело семејство, а кај ново село било изведено вештачко тампонирање на реката Отиње. Екипи, пак на ЕВН интервенирале на ситните испади во неколку помали населени места.
Дирекцијата за заштита и спасување работи на санирање на состојбите во општините Карбинци, Конче, Крива Паланка и во Радовиш каде се интервенира и со нафта и со машини.
Од Координативното тело инфомрираа дека ќе се чека водата да се повлече од поплавените земјоделски површини за да може да се процени штетата.
И железничкиот сообраќај, кој беше во прекин десет часа веќе е редовно воспоставен. Во земјава нема отсетчени населени места.
Фиљана Кока
