Членството на СОНК бара одговор од раководството- на што се трошат месечно 100 илјади евра?!

24.01.2015 17:52

Бараат транспарентност, но и запирање на притисоците што се прават врз членовите...

На што раководство на СОНК троши месечно 100.000 евра, прашуваат членовите на СОНК. Колку од тие пари се потрошени за симпозиуми, конференции за надградба,  вели членот на СОНК, Зоран Ристески. Прашува колкава е транспарентноста на раководството на СОНК, зошто се притисоците и дали е ова вистинска синдикална борба.

Фрапантен е податокот дека СОНК собира годишно повеќе од еден милион евра. Тоа е голема сума за која ние не знаме каде се троши, вели Љубен Маркоски, член на СОНК.

Вели дека парите за Синдикатот редвно се уплатуваат, но не знаат дали тие средства се наменети за професионален третман на просветните работници кои треба континуирано да се надградуваат.

Членовите на СОНК бараат од раководството на СОНК да даде одговор на прашањата на своето членство.

Дијана Ценевска