Акупунктурата тема на комисиска расправа во Собранието
Може или не фармацевт да се занимава со акупунктура? Оваа меѓу дилемите на пратениците во матичната собраниска комисија. Расправа за предлог- законот за алтернативна медицина кој веќе доби поддршка од здружението на лекари хомеопати...

Акупунктура може да врши лице со високо образование од областа на медицината или фармацијата. Ова нова законска одредба предизвика внимание на комисиската расправа во Собранието. За пратеничката Лилјана Поповска е спорно. Според неа, не може фармацевт да забодува иглички во телото на луѓето зашто недоволното познавање на акупунктурата може да доведе и до сериозни последици.
„Во Македонија има случаи на прободено белодробно крило од акупунктура. Може да ми одговорите, па досега никој не ги контролирал па го правеле тоа. Да, меѓутоа останувале повредени луѓе, оштетени или инвалиди без државата да го знае тоа. Сега кога државата си превзема обврска, треба да си превземе целосно побврска со целосна одговорност“, изјави Лилјана Поповска - ДОМ.
Во институциите каде што ќе се изведуваат постапки од традиционалната кинеска медицина ќе има лице со Медицински факултет - одговорија од Министерството за здравство.
„Секој што ќе добие лиценца да практикува акупунктура ќе мора да има иста обука, иста наобразба без разлика дали е доктор или сестра“, рече Јовица Андонов, заменик министер за здравство.
„Ние знаеме што ее сестра со средно медицинско образование, каква постапка во медицината изведува. Да не зборувам за што се се обучени медицинските работници кои што имаат 180 ЕКТС“, вели Андон Чибишев, ВМРО- ДПМНЕ.
Предлог законот за алтернативна медицина поддршка доби од Хомеопатското здружение на лекари.
Андријана Атанасовска
