Американскио конгресмени со поддршка за членство на Македонија во НАТО

29.01.2015 12:49

САД безрезервно го поддржуваат нашето членство во Алијансата, но познат е и нивниот став за надминување на разликата за името..

Уште една резолуција на американски конгресмени за поддршка на членството на Македонија во НАТО. Потпишани се 12 новоизбрани конгресмени. Иницијативата за резолуцијата е на Обединетата македонска дијаспора.

САД безрезервно го поддржуваат нашето членство во Алијансата, но познат е и нивниот став за надминување на разликата за името. 

Решавање на спорот со Грција, па потоа интеграција во НАТО и во Европската Унија. Ова уште еднаш го повтори и помошникот државен секретар, Викторија Нуланд.