Дете од Прилеп хоспитализирано со западно- нилска треска

29.01.2015 13:03

Нилската треска ја пренесуваат тигрести комарци. Не се пренесува од човек на човек...

На Клиниката за детски болести е хоспитализирано дете од Прилеп, за кое и симптомите и првичните анализи покажале дека има западно-нилска треска.

Од Клиниката информираат дека детето е под лекарска контрола. Нилската треска ја пренесуваат тигрести комарци. Не се пренесува од човек на човек.

Лекарите велат дека околу 80 проценти од оние што ќе се заразат немаат симптоми, од 10 до 20 проценти ќе добијат симптоми на грип, а кај околу еден процент може да се развие енцефалитис, воспаление на мозокот.