Пронајден возачот кој прегази петгодишно дете во Велес

29.01.2015 13:11

Приведен е 29-годишен жител на велешкото село Горно Оризари, под сомнение дека вчера околу 20 часот во велешкото село Превалец со своето возило го прегазил детето и не застанал...

Велешката полиција го пронајде возачот кој вчера прегази петгодишно дете. Приведен е 29-годишен жител на велешкото село Горно Оризари, под сомнение дека вчера околу 20 часот во велешкото село Превалец со своето возило го прегазил детето и не застанал.

Детето итно било пренесено во Велешката болница, но лекарите не успеале да го спасат.