Врнежи од дожд од утре попладне, надлежните подготвени за соочување со водниот бран
Првиот поинтензивен бран се очекува ноќта петок спрема сабота и ќе биде поизразен во западните и јужните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар. На повисоките планини пак се очекуваат врнежи од снег...

Од утре попладне под влијание на циклонска активност и влажни бранови од медитеранот се најавуваат нови, изобилни врнежи од дожд со засилен јужен ветер.
Првиот поинтензивен бран се очекува ноќта петок спрема сабота и ќе биде поизразен во западните и јужните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар. На повисоките планини пак се очекуваат врнежи од снег.
Најавите за новите дождови ги алармира локалните власти. Кризните штабови заседаваат. Се прават подготовки за соочување со водниот бран. Во некои општини се полнат вреќи со песок и целосно е мобилизирано населението.
Од Центарот за управување со кризи велат дека се подготвени да се справат со водната стихија.
