Задолжителни психолошко- психијатриски прегледи за службениците кои поседуваат оружје

29.01.2015 13:32

МВР и Центрите за социјални работи во рок не подолг од 24 часа од започнувањето на официјална постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство, ќе бидат должни да ја известат институцијата...

Службениците кои поседуваат оружје покрај редовните  лекарски прегледи, ќе мора да минат низ психолошко-психијатриски прегледи. Целта е рано превенирање на семејното насилтсво, вели владиниот гласноговорник Александар Ѓорѓиев.

МВР и Центрите за социјални работи во рок не подолг од 24 часа од започнувањето на официјална постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство, ќе бидат должни да ја известат институцијата во која лицето работи, дека треба да му биде одземено службеното оружје, истакна Ѓорѓиев.

Службениците ќе бидат проверувани низ четири фази од моментот на пријавување евентуален случај на семејсно насилство.