Продолжува доказната постапка за убиството на Ангел Петковски
Одбраната вели има докази во своја корист, но не и очевидци кои ќе раскажат што се случило. Ќе бара ново вештачење за психичката пресметливост...

Прво сите докази на маса, а потоа одлука дали ќе сведочи Насер Ешрефи – обвинетиот за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопски Ѓорче Петров. Одбраната вели има докази во своја корист, но не и очевидци кои ќе раскажат што се случило. Ќе бара ново вештачење за психичката пресметливост.
Според обвинението Ешрефи со нож го усмртил Петковски кој починал на прагот на очната болница.
Судењето е во доказна постапка и се сослушуваат сведоците на обвинителството.
Полицаецот сведок раскажа дека при апсењето неговите колеги не го тепале обвинетиот. Во службените белешки стои дека е приведен без лисици и без примена на сила.
Ешрефи бил уапсен за нарушување на јавниот ред и мир, а потоа предаден на полициските Алфи.
Адвокатот на семејството на убиениот Петковски, вели дека сведокот лаже.
Анита Димитријевска
