Пелагонија подготвена да се соочи со водениот бран
Со пет илјади вреќи со песок и подигнати повисоки насипи на критичните точки долж Црна Река ќе се штити нашата најголема житница од налетот на циклонот „Давид“. Во акцијата се вклучија и земкоделците кои велат зголемената влага ќе се одрази негативно и на еснските посеви, но и динамиката на престојната пролетна сеидба...

Кризните штабови на пелагониските општини постават според препораките. Уште во текот на вчерашниот ден наполнети се доделените пет илјади вреќи за песок а долш критчните точки на Црна Река се подигнати повисоки насипи за околу половина метар.
„Според нас најкритични точки се во општина Могила, поточно оние кај селата Ношпал, Клепач и Вашарејца. Опасно е и на другата страна кај селата Породин, Велучина. Постојано сме на тие места и будно ја следиме состојбата“, вели Димче Јошевски, раководител на битолското Оделение за заштита и спасување.
Најкритично е во атарот на новачкото село Гнеотино, каде недодамна на дестиот канал се изли Црна Река поплавувајки 300 хектари земјоделси површини на ЗК Пелагонија. Од општината велат дека тука не може да се интервенира. При поголеми количини на вода повторно ќе дојде до поплава. Но, затоа се подигнати безбедности насипи кои ќе спречат загрозување на безбедноста на мештаните.
„Во овој дел подигнавме насип во должина од половина километар, ангажиравме голем дел од градежната механизација, а во постојан контакт сме со локалното население кое и самото во текот на вчерашнит ден се вклучи во акцијата“, вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Мештаните, чија главна дејност им е земјоделието велат дека сега најважно е да се одолее на најавените нови обилни врнржи затоа што сегашната влажност на почвата не дава многу оптимизам за културите од есенската сеидба, а тешко ќе оди сеидбениот план за престојната есенска сеидба.
„Во секој случај ваквите водени талози можат да доведат до угинување на дел од есенските култури, а сигурно дека ке дојди и до пренамена на некои површини“, вели пелагонискиот земјоделец, Борис Христовски.
„Состојбата е тешка, полињата се калливи, како понатаму ќе се одвиваат земјоделските операции зависи само од временските услови“, вели неговиот соселанец, Николче Василевски.
Последните обилни врнежи под вода ставија околу 1.700 хектари со посеви. Моменталната висина од 220 сантиметри на водата во Црна Река или два метри пониска од најниската критична точка, дава оптимизам дека првиот бран на вечерашнит циклон не може да донесе поголеми неприлика.
Пелагонија стравува од бранот што се најавува за во ноќта сабота спроти недела.
Стевче Митревски
