СОНК ја губи поддршката

30.01.2015 16:01

Оние кои не сакаат да ја бојкотираат наставата во се поголем број јавно го искажуваат незадоволството од актуелното раководство...

Раководството на СОНК ја губи поддршката кај членовите  и во  малкуте училишта каде штрајкот се одржува. Оние кои не сакаат да ја бојкотираат наставата во се поголем број јавно го искажуваат незадоволството од актуелното раководство.

Велат дека се загрижени за нивната егзистенција во состојба кога Неделков и раководството ги тера да штрајкуваат, а согласно законот и колективниот договор потпишан од Синдикатот, не им следува плата за деновите кога штрајкуваат. Тие денеска побараа итно да се прекине штрајкот во училиштата.

Од штрајкот најреволтирани се родителите од Куманово и Струмица. Велат дека од бојкотот на наставата, најмногу трпат нивните децата зашто не одат на часови.

Раководството да одлучи да го послуша најголемиот дел од членството кое му ја додели довербата, побараа членовите кои одбија да штрајкуваат.

 

Викторија Тодоровска